![]() |
|
ВМРО - соэдавање и дело |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 3839404142 55> |
Автор | ||
eptendosadno ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Разликите не се однесуваат само легалното движење, но и илегалната ВМРО. Уште при првите чекори на организацијата група илегални дејци на чело со популарниот Кратовски војвода Дончо Ангелов, Ефрем Чучков, итн. се објавуваат во опозиција на Т. Александров. Тие бараат, пред да започне изградба на широка конспиративна мрежа, да се свика конгрес, кој да одреди целите и методите на претстојната борба. Т. Александров се противи на овој предлог, бидејќи според него и без конгрес работите се јасни - претстои тешка борба за зачувување на македонските Бугари од насилна денационализација и асимилација. Оваа цел може да се постигне преку државното оформување на Македонија, а дотогаш - со примена на договорите за заштита на националните малцинства. Затоа тој инсистира најпрво да се изгради илегалната организација, а потоа да се свикува конгрес. Откако сите обиди за договор (отажаа) и станува јасно дека, всушност, се води спор кој да раководи организацијата, заговорот револвер. Во почетокот на септември 1921 година војводата Ангелов и двајца негови четници се убиени. Судбината ја делат и неколку приврзаници на Т. Александров Расколот во ВМРО прифаќа опасни форми и големини, заплашувајќи го самото нејзиното постоење. Противниците на Александров преминуваат на федералистите и во април-мај 1922 година формираат нелегален централен револуционерен Федеративен комитет во состав Крум Зографов (претседател на Илинденската организација), Александар Панов (основач на емигрантски организација на БЗНС), Григор Циклев, Велко Мандарчев, Заре Секулички и Лазар Тодоров-Фертика. Комитетот има и Задгранично претставништво, во која влегуваат д-р Ф. Атанасов, архитект Н. Јуруков и нивните најблиски соработници на Т. Александров, Славе Иванов и Стојан Мишев. Во април 1922 година е организирана специјална чета со војвода Кр. Зографов, која има за задача да го ликвидира Т. Александров, кој се наоѓа во Вардарска Македонија и да се стави под контрола на федералистите, создадената од него организациска мрежа. Четата сепак е принудена да се врати во Бугарија, откако војводата нејзиниот загинува во борба со српска потерница . Колку тоа подоцна било продукт на народно движење , а колку “приватна фирма“ е голема дилема . БОРБАТА ЗА КОНТРОЛ НАД ОСВОБОДИТЕЛНОТО ДВИЖЕНИЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ Б’ЛГАРИ Доколку ВМРО е партија создадена во 1919 , сите подоцнежни активности на истата имаа логика . Изменето од eptendosadno - 14.Декември.2009 во 23:00 |
||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Јас ќе му одговорам. Да бе, ова е последна моја опомена да се држиш до темите и да не правиш рекла-кажала од истите, потоа следуваат официјални опомени, а потоа санкции. |
||
![]() |
||
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
ВМОРО /ВМРО/ е немала едноличен претседател. Имало е централен комитет и задгранично претставителство /кое после првата светска воjна е било скратено/. На Кустендилскиот конгрес са избрани за членове на ЦК Ефрем Чучков, Петко Пенчев и Павел Христов. За ВТРО си в грешка - таа е основана 1922 г. |
||
![]() |
||
eptendosadno ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Организацијата е основана на 23 октомври 1893 година во Солун од д-р Христо Татарчев, Дамјан Груев, Иван Хаџи Николов, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Батанџиев........ Не сум сигурен дека ВМРО е формирана во Солун 1893 година . Да , можеби е формирана една од многуте организации кои имале за цел “ автономија за Македонија - македонска држава “ , значи имале своја програма , свое председателство и.т.н., но сум на мислење дека тоа не е ВМРО и дека истото , ВМРО , е само една од многуте организации со слични или пак идентични политички цели . ![]() Изменето од Boogie - 13.Декември.2009 во 17:23 |
||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
||
![]() |
||
eptendosadno ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Терминот ВМРО може да се однесува на: организации * ВМОРО - македонска национално-ослободителна организација од времето на Отоманското ропство. * ВМРО (Автономистичка) - национално-ослободителна организација помеѓу двете светски војни. * ВМРО (Обединета) - македонска политичка организација помеѓу двете светски војни. [уреди] Современи политички партии * ВМРО-ДПМНЕ - современа македонска политичка партија, лидер Никола Груевски. * ВМРО-Македонска - современа македонска политичка партија, лидер Борис Стојменов. * ВМРО-ВМРО (Вистинска) - современа македонска политичка партија, лидер Борис Змејковски. * ВМРО-ДП - современа македонска политичка партија, лидер Владимир Голубовски. * ВМРО-Народна партија - современа македонска политичка партија, лидер Ѓорѓи Трендафилов, неформален лидер Љубчо Георгиевски. * ВМРО-ДОМ - современа македонска политичка партија * ВМРО-МНМ - македонска националистичка и антиалбанска организација, лидер Љупчо Мирчевски-Трепет. * ВМРО-Татковинска - современа македонска политичка партија, лидер Димитар Црномаров * ВМРО-БНД - современа бугарска политичка партија, националистички ориентирана, лидер Красимир Каракачанов. * ВМРО-БДД - современа бугарска политичка организација, лидер Атанас Попов * ВМРО-СМО - современа бугарска политичка организација, лидер Христо Матов Политички партии со предзнакот ТМОРО * ТМОРО-ВЕП - современа македонска политичка партија, лидер Страшо Ангеловски * ТМРО - современа македонска политичка партија, лидер Ванчо Шехтански Предпоставувам дека името на организацијата се МЕНУВА на некој конгрес , на некој собир , каде на предлог се става на гласање . Предпоставувам дека председателот на таа организација се менувал не некој конгрес , дека така се менувало и раководството , уставот , ...... На кој конгерс или на кој состанок е сменет стариот председател на ВМРО и е назначен Тодор Александров , на кој конгрес , на кој состанок е сменето целокупното раководство на ТМОРО ? ВМРО обединита , ВМРО на Иван Михајлов суштествуваат истовремено .... па така да , твоето не држи вода . Изменето од eptendosadno - 13.Декември.2009 во 14:33 |
||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
||
![]() |
||
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() Тоа е началото.... ВМРО во своjата историjа е имало различни кратенки /ТМОРО, ВМОРО/... но по суштество е една и иста организациjа. Тоа е било од основаването до 1934 г. кога ВМРО е растурена после 19 маj-скиот преврат во Бугариjа. Поjавилите се после 1990 година претенденти за наследници на историското ВМРО - ВМРО-БНД и ВМРО- ДПМНЕ немат право на тоа. Зоштото времената и целите са други. Тие се партии и се борат на избори. ВМРО никогаж не е била политичка партиjа. Таа е била револуционерна организациjа. /по днешните критерии дури може да се определи како терористична/. Дури кога е владеела Пиринскиот дел во 20-те години ХХ век, таа е имала депутати уж издигнати од други партии, но фактически назначени од ВМРО. |
||
![]() |
||
eptendosadno ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Може ли вака .
Јас сум убеден дека ТМОРО и ВМРО не е едно те исто . Дека се прави грешка ( свесно ) во толкувањето на историјата за да се добие традиција , контиунитет , богата историја . Може да се говори за почетоци на “ македонскиот национализам “ ,па да се вметнат во него разни организации , здруженија ,политички партии , независни интелектуалци и.т.н. собрани околу остварување на политичката цел “ македонска држава “ , мегу кои се ... “ Б’лгарски Македоно-Одрински револјуционни комитети “ , “ ТМОРО “ ... ВМРО ( обединета )и во кое движење учествуваат Бугари , Македонци , Власи .... и.т.н. Затоа денес е дојдено до апсурдна ситуација , многу организации , партии ... , се сметаат за наследници на ВМРО , “изворното“ ВМРО , а истовремено ги немаат во својата програма целите како што се “ македонска држава “ и.т.н. Може ли некој да ме разубеди ? Изменето од eptendosadno - 13.Декември.2009 во 12:43 |
||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
||
![]() |
||
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Малку е познато дека Христо Матов бил близок со лозарите, а во 1883 година објавил статија за акцентот на западномакедонските говори под псевдонимот Дримколов. Подоцна, кога во Русија веќе активно работело Македонското Научно Литературно Другарство на Чуповски и на Мисирков, во нивните редови бил уфрлен бугарскиот шпион Христо Шалдев, со цел да ја саботира работата на ова Другарство и да ги спречува нивните врски во ТМОРО. Притоа тој ги клеветел членовите на МНЛД пред ТМОРО дека биле турски шпиони, а пред руската власт ги клеветел дека биле австриски шпиони. Во редовните извештаи што Шалдев ги испраќал во Бугарија, во едно свое писмо, тој се жали на своите бугарски наредбодавци дека, кога побарал помош од Христо Матов за својата дејност против Другарството, овој студено го одбил. Шалдев се жали на однесувањето на Матов, па пишува:
Му пишав и на Матов во врска со ова. За жал, Матов како да не ме разбрал. Ми одговори дека треба да ги здружуваме силите, а не да се занимаваме со лична превласт, бидејќи Македонија во моментов имала потреба од единство... Со ваквиот гест Христо Матов практично покажал толерантен однос кон работата на Другарството на Чуповски и кон нивната чиста македонска национална дејност, што не може да се каже за останатите тогашни афективни големобугарски и големосрпски елементи, кои жестоко се нафрлувале врз дејноста на ова Другарство. |
||
![]() |
||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() ![]() По Илинденското востание и неговиот неуспех, тие свои доблести на духот ги става во служба на бугарската политика спрема Македонија. На јануарското советување во Софија 1904 година е изложен на жестоки критики од Јане Сандански заради тоа што лично се залагал за кревање на востаниетои заради своите недозволени контакти со бугарската влада, и обидот да ја вовлече Бугарија во војна со Турција и сето тоа на сметката на Македонците. Учествувајќи во работата на Рилскиот конгрес на Организацијата (иако не бил избран за делегат од никого) , решава по сите напади да се спротистави првенствено преку пишаниот збор. Така за кратко време ги пишува брошурите: „Основи на Внатрешнатареволуционерна организација“ во 1904 година, „За управувањето на Внатрешната револуционерна организација“ во 1905 година и други. Токму преку сите овие дела кој ги објавува, Христо Матов може да се прочита во меѓуредови дека се огледа на неговиот статус на неоврховист во внатрешните делови на Организацијата. Тој има голем удел во ликвидирањето на голем број македонски револуционери и во задавањето на решителни удари на македонското револуционерно движење. Тој најдолго работел од старите лидери на ВМОРО и ја доживеал и Првата светска војна. Затоа што користиш википедија еве од таму нешто Изменето од Македон - 13.Декември.2009 во 14:02 |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
![]() |
||
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Зар сакаш да речеш што некоj си нарекол Матов "Брут" заради некакаво предавство негово? |
||
![]() |
||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Зар и ти сине бруте
![]() |
||
![]() |
||
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
По истата причина Гоце Делчев добива прекар АХИЛ... Конспирациjа, што да се прави... |
||
![]() |
||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
||
![]() |
||
lav4eto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Христо Матов
![]() Христо Апостолов Матов (Струга, 10 март 1872 - Софија, 10 февруари 1922) е еден од најистакнатите дејци на ТМОРО и теоретичари на македонската ослободителна борба, во тоа време е „задграничен претставник” на Организацијата во Софија. Познат под псевдонимот „Брут“ Христо Матов има завршено филологија во Софија и работи како учител во Сер, Скопје, Софија и Стара Загора. Работејќи кон крајот на минатиот век како професор по литература во скопското педагошко училиште, тука ја започнува и својата кариера во Организацијата. Потоа учителствува и во Солун, каде Даме Груев го запознал со делото. Христо Матов го посветил во ВМОРО Тодор Александров. Изменето од Boogie - 10.Декември.2009 во 23:07 |
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 3839404142 55> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |