![]() |
|
Изгореници |
Внеси реплика ![]() |
страница <12 |
Автор | |
natasha-nate ![]() Нов член ![]() Регистриран: 18.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 19 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
znaci stanuva zbor za izgorenica na noga predizvikana od pegla, pa kazete sovet kako moze da ne ostane beleg, (nekoja mast i sl.)???
|
|
![]() |
|
bijonse1 ![]() Сениор ![]() ![]() bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
При површински изгореници веднаш треба да се реагира правилно
Термичките повреди или изгорениците спаѓаат во групата
најтешки повреди, кои оставаат големи последици, како физички и естетски нарушувања,
така и психички растројства. Според статистичките податоци, термичките повреди се
на прво место на листата повреди во домашни услови, при сообраќајни несреќи или
на работното место. Најчесто настануваат при намерно или случајно полевање со врела
вода, врело масло или слично, при пожар или врели пареи, повреди на работното место,
особено кај оператори на машини во производство и слично. Хемиските изгореници настануваат
при полевање со киселински или базни раствори, кои, пак, предизвикуваат хемиско
нагризување на ткивото создавајќи изгореница. Сите изгореници без разлика на агенсот (материјата) што
ја предизвикал, го оштетуваат површинскиот слој на кожата (епидермот). Исто така,
делумно или целосно е нарушена структурата на поткожното ткиво, каде што се оштетуваат
градбените елементи, крвните садови и нервните завршетоци. Според општата класификација,
површинските изгореници се вбројуваат во термички повреди од втор степен. Веднаш
по повредата, изгореното место е црвено, со голем локален оток, силна болка и ограничени
движење на телото. Подоцна се формираат меури исполнети со бистра или крвава течност,
кои можат спонтано да пукнат. Ако е зафатена целата дебелина на поткожното ткиво,
болката не е толку силна и драматична, но изгорениот дел на телото има голем дефект
од изумрено ткиво со секреција на лимфа и крв од рабовите на раната. Општата состојба
на пациентот е лесно нарушена со слабост и вртоглавици, болна раздразливост, страв
од претрпениот шок при повредата, лесно покачена температура или, пак, треска со
чувство на жед. Доколку се пристапи веднаш кон лекување со прва помош, потоа со
правилен третман на раните, излекувањето е во период од 10 до 14 дена со минимални
белези, евентуално 25-30 дена кај компликуваните и подлабоки изгореници. Лекувањето се состои во тоа веднаш по повредата пациентот
да се јави кај хирургот, кој во стерилни услови примарно ќе ја обработи раната со
отстранување на изумреното ткиво. Во првите неколку дена од акутната болна фаза
изгореното место треба да биде под специфична преврска за изгореници, која спречува
секундарна инфекција, го намалува губењето на течности и крвавењето од раната, силно
ја редуцира болката бидејќи движењата се ограничени. Се советува орално земање аналгетици,
антибиотици со широк спектар и витамини, како и пиење витамински напитоци. По неколку дена се отстранува првата преврска при што веќе
почнала епителизацијата на површинските слоеви и ревитализација на длабоко поткожно
ткиво. Ако при контролните прегледи се увиди дека изгореницата не е секундарно инфицирана,
енергично се почнува битката за намалување на белегот или длабоката лузна. Но, ако
настанала инфекција со создавање гнојна содржина, потребно е земање брис од раната,
па според микробиолошката анализа и антибиограмот, се користат локални антибиотски
масти или раствори за уништување на бактериската инфекција во комбинација со орално
земената терапија. На крајот од лекувањето, се стимулира процесот на регенерација
на ткивото со употреба на соодветни витамински креми. По еден месец од заздравувањето
се советува микродермоабразија. Д-р сци. мед. ![]() |
|
![]() |
|
Ninja 35 ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Кантарион отстоен во маслиново масло |
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
![]() |
|
Enigma ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 11.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 9984 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Dermazin mast za izgorenici e super,mnogu pomaga i ne ostava beleg
|
|
Mojata dusha ne e pateka,da minesh i da zaminesh,mojata dusha ne e kamin da se zgreesh i da zaminesh,mojata dusha e bozji hram-vleguvash i ostanuvash tamu
|
|
![]() |
|
BisernA ![]() Сениор ![]() Регистриран: 27.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 4662 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
јекодерм му е мајката.....
![]() ![]() |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |